Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЗА Е РАЗОРЕНА: Сателитските снимки покажуваат дека многу згради се срамнети со земја

ГАЗА Е РАЗОРЕНА: Сателитските снимки покажуваат дека многу згради се срамнети со земја

Газа е разорeна, што може да се види од сателитските снимки. Станбени згради и цели населби се претворени во руини како резултат на израелските воздушни напади. 

На сателитските снимки се гледа и градот Беит Ханун, кој се наоѓа покрај северната граница со Израел. 

Обединетите нации соопштија дека во 42 отсто станбени објекти во Газа веќе не може да се живее, а на илјадници други има умерена штета. Се проценува дека меѓу 400.000 и еден милион Палестинци се без дом.

Нови сателитски снимки објавени од „Максар“ и „Планет лабс“ ги покажуваат страшните размери на уништувањето во Појасот Газа, која скоро три недели е изложена на безмилосни бомбардирања. Локалните власти велат дека досега загинале повеќе од 7.000 луѓе, од кои повеќето се цивили.

Израел вети дека ќе ја уништи палестинската исламистичка група Хамас, кој владее во Газа, како одмазда за нападот на 7 октомври, во кој се убиени 1.400 луѓе.

Бидејќи воздушните напади траат деноноќно, целосните размери на уништувањето остануваат непознати. Снимките од населбата Ал Карамех во градот Газа покажуваат остатоци од голем број згради.

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации го обвини Израел дека извршил воени злосторства со опсадата и блокадата на Појасот Газа.

Слично

Поврзани вести