Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЗА: Четири деца починаа од неухранетост

ГАЗА: Четири деца починаа од неухранетост

Во Газа четири деца починаа од неухранетост, а уште седум се во критична состојба.

Тие починаа од дехидрација и неухранетост во болницата Камал Адван во северниот дел на Газа, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.

Хуманитарната организација „Проекат Хоуп“, која раководи со примарната здравствена клиника во централниот град Деир ел-Балах, тврди дека 11 отсто од децата на возраст под пет години се неухранети. Тие јадат само леб. 

Оваа хуманитарна група објави дека 21 отсто од трудниците што ги лекувала во последните три недели страдаат исто од неухранетост.

Претставници на ОН велат дека израелската окупација оставила четвртина од 2,3 милиони жители на Појасот Газа на работ на глад. Хамас и Израел се во војна од 7 октомври лани. 

Слично

Поврзани вести