Гаспром: Украина може да го загрози транзитот на гас кон Европа
Претставници на Гаспром предупредија дека одлуката на Украина да го прекине увозот на природен гас од Русија може да го загрози транзитот до европските земји .
" Украина откако во ноември прекина да увезува руски гас , може да почне да ги користи за своите внатрешни потреби резервите од подземните складишта и на тој начин да се наруши транзитот кон Европа " - изјави директорот на Одделот за надворешни економски врски во компанијата, Павле Одеров.
Тој додаде дека без употреба на капацитетот на складишта, транзитот во најстудените зимски месеци не е можен . Според заменик-претседателот на Гаспром, Виталиј Маркелов, Украина почна да црпи од овие резерви уште пред да настапи зимата и кај овие стапки таму ќе останат 14 милијарди кубни метри гас , што тој ги смета за катастрофа. Маркелов е на мислење дека за да се обезбеди непречен транзит во зима , во подземните складишта треба да има најмалку 21 милијарди кубни метри гас .
Од рускиот гасен гигант велат дека не гледаат позитивна динамика во отплатата на долгот , кој во времето надминува 1,3 милијарди долари , но се подготвени да понудат на Нафтогас - Украина ново одложување на плаќањата .
Слично
