Гаспром: Украина ќе добие гас, кога ќе ја плати првата рата од долгот!
Испораката на руски гас за Украина ќе биде обновена токако Киев ќе го отплати првиот дел од долгот кон Гаспром, изјави директорот на рускиот гигант за природен гас Алексеј Милер.
Неговата изјава следи само неколку часа откако Русија, Украина и Европската унија постигнаа договор за тоа како да продолжи испораката на руски гас за Украина и ЕУ.
Договорот донесе олеснување и за Европа, која стравуваше дека може зимава да остане без гас, како во 2008 година заради друг спор меѓу Киев и Москва.
Гаспром сега во јуни ги прекина испораките за Украина заради натрупаниот долг за испорачан гас и побара во иднина сите испораки да се плаќаат однапред.
Русија и Украина се договорија, на Европа и олесна!
Слично
