Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАСПРОМ СТОПИРА ИСПОРАКА НА ГАС КОН УШТЕ ДВЕ ЗЕМЈИ - листата на земји каде е прекинат извозот се зголеми

ГАСПРОМ СТОПИРА ИСПОРАКА НА ГАС КОН УШТЕ ДВЕ ЗЕМЈИ - листата на земји каде е прекинат извозот се зголеми

Рускиот производител на гас „Гаспром“ го прекина снабдувањето со гас на данската Орстед (ORSTED.CO) и на Шел енерџи (ШЕЛ.Л) за нејзиниот договор за снабдување со гас во Германија. Ова го соопшти „Гаспром“ наведувајќи дека компаниите одлучиле дека нема да плаќат во рубљи, пишува „Ројтерс“.

Гаспром веќе го прекина снабдувањето со холандскиот трговец со гас ГасТера, како и до Бугарија, Полска и Финска по нивното одбивање да платат за гас во руски рубљи, како што побара Москва, одлука воведена како контра мерка на на западните санкции поради руско-украинскиот конфликт.

Германските, италијанските и француските компании, сепак, рекоа дека ќе се вклучат во шемата за плаќање на Москва за да се осигураат дека можат да ги задржат залихите. 

Германскиот регулатор на мрежата, во средата рече дека на „Shell Europe“ отпаѓаат само мали количини на снабдување со гас што може да се набават од други страни.

Протокот на природен гас за Данска преку Германија остана стабилен во средата, покажаа податоците од данскиот системски оператор Енерџинет.

Нема гасовод директно од Русија до Данска, а данските купувачи имаат можност да купуваат од други извори освен Гаспром, соопшти данската агенција за енергетика.

Снабдувањето со гас преку Украина, клучна рута за извоз на Гаспром во Европа, продолжи со 41,2 милиони кубни метри во средата, што е малку помалку од волуменот во вторникот.

Слично

Поврзани вести