Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаспром подготвен за компромис со Украина

Гаспром подготвен за компромис со Украина

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска соопштил дека е подготвен за компромис со Украина во врска со испораката на гас во источните региони на таа земјата кои се побуниле против властите на Киев.

„Подготвени сме од дискусијата за Украина да ја исклучиме испораката на гас за Донбас“, изјавил потпаролот на „Гаспром“ Сергеј Купријанов пренесе Русија-24.

Тој додал дека Украина платила за рускиот гас само до крајот на оваа седмица.

Руските официјални лица и порано кажале дека испораката на гас за Украина би можела да биде запрена доколку Киев не изврши авансна уплата во рок од неколку дена.

Доколку тоа не се случи, може да биде загрозен транзитот на гас за Европа.

Слично

Поврзани вести