„Гаспром“ почна да извезува течен гас преку Арктичкиот Океан
Руската енергетска компанија „Гаспром“ ја испрати првата пратка течен природен гас (ТНГ) од својот капацитет во Балтичкото Море долж Северниот морски пат, пренесува „Б92.рс“.
Според податоците на „Рефинитив“, на 14 август танкерот „Велики Новгород“ се закотвил во капацитетот за товарење течен гас Портовај во Балтичкото Море, а потоа продолжил да плови кон Северниот морски пат, пренесува Комерсант. Бродот пристигна во Баренцовото море, а неговата крајна дестинација не е прецизирана.
Северниот морски пат е најкраткиот поморски пат од Европа до Азија. Патеките на Северниот морски пат лежат во водите на Арктичките мориња и јужниот дел на Арктичкиот Океан во рамките на ексклузивната економска зона на Русија на Арктикот.
Според плановите на владата во Москва, товарниот сообраќај долж Северниот морски пат треба да се зголеми од 34 милиони тони минатата година на 220 милиони тони до 2035 година, пишува Бизнис.
Според санкциите, руските нафтени компании се повеќе го користат Северниот морски пат за испорака на нафта од Урал од балтичките пристаништа. Роснефт и Гаспром, наводно, испратиле три танкери за нафта во Кина во јули и август.
Фото: EPA/STEFAN SAUER