Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАСПРОМ: Парите од Киев легнаа, испораката на гас ќе се обнови!

ГАСПРОМ: Парите од Киев легнаа, испораката на гас ќе се обнови!
Рускиот гигант за природен гас „Гаспром“ потврди дека легнаа парите од првата исплата на дел од долгот на Украина, што е предуслов да се обнови испораката на гас кон оваа земја. Според спогодбата потпишана минатата недела во Брисел, Украина се обврза да ја уплати првата транша од 1,45 милијарди долари од долгот за испорачан гас. До крајот на годината Киев треба да плати 3,1 милијарди долари. Портпаролот на Гаспром Сергеј Курпијанов најави дека со испочитувањето на овој дел на договорот, испораката на гас кон Украина ќе продолжи во рок од 48 часа. Русија во јуни прекина да ипспорачува гас за Украина, откако оваа земја не ги прифати новите повисоки цени што ги наметна Москва. Спогодбата постигната од Брисел треба да го реши овој проблем до март 2015 година, а донесе привремен мир и за Европа, која се снабдува со руски гас токму преку украинските гасоводи. Русите проценуваат дека вкупниот доспеан долг на Украина за гас достигнува 5,3 милијарди долари, но одлуката за исплата на остатокот од овие средства прифатија да му ја доверат на арбитражен суд. Исто така, во текот на преодниот период во кој важи спогодбата, се согласија да ја намалат цената на гасот за Украина на 385 долари за 1.000 кубни метри гас, што е за околу 100 долари пониско од цената што последно ја бараа од Киев. За сметка на тоа, плаќањето на новите испораки ќе се прави авансно, месец за месец.
Слично

Поврзани вести