Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАСПРОМ: Нема санкции против наши менаџери, но работата ни е загрозена

ГАСПРОМ: Нема санкции против наши менаџери, но работата ни е загрозена
Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ објави денеска дека ниту еден од менаџерите на оваа компанија не се наоѓа на новата листа на проширени санкции од САД. Сепак, компанијата смета дека дополнителното заострување на санкциите може да предизвика проблеми во работата на „Гаспром“, па дури и да се одрази на цената на акциите на компанијата. Во финансискиот извештај на руската компанија се наведува дека несогласувањата околу цената на гасот со Киев веројатно ќе предизвикаат и проблеми во испораката на гас за европските земји преку украинските гасоводи. Гаспром во моментов покрива околу 30% од европските потреби за гас. Руската берза вчера мирно го заврши работниот ден, откако се потврди дека ниту една од поголемите руски фирми кои котираат на берзата не е засегната од новите американски санкции.
Слично

Поврзани вести