Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАСПРОМ НАЈАВИ НАМАЛУВАЊЕ НА ИСПОРАКИТЕ НА ГАС, само 20 отсто од капацитетот ќе се користи

ГАСПРОМ НАЈАВИ НАМАЛУВАЊЕ НА ИСПОРАКИТЕ НА ГАС, само 20 отсто од капацитетот ќе се користи

Компанијата Газпром најави дека дополнително ќе ја намали испораката на гас преку Северен тек 1.

Протокот на гас низ клучниот европски гасовод ќе се намали на 33 милиони кубни метри, пренесува АФП.

Тоа значи дека само 20 отсто од гасоводот ќе биде во употреба.

Во соопштението на рускиот нафтен гигант се наведува дека работата на втората турбина е стопирана поради „техничката состојба на моторот“.



Минатиот месец Москва го намали капацитетот на „Северен тек 1“ за 60 отсто, наведувајќи го одложеното враќање на турбината што ја сервисира германската компанија за енергетска опрема „Сименс енерџи“.

Сепак, Русија повторно го отвори клучниот гасовод на 21 јули по 10-дневна операција за одржување, но тој сè уште работи со намален капацитет.

Турбината на Сименс, вообичаено клучна за гасоводот Северен тек 1, никогаш не стигна до Москва откако беше ремонт од Канада, бидејќи Русија не даде зелено светло за транспортот. Поради оваа причина, преку гасоводот од кој најмногу зависи Германија, до сега течеше гас во значително намалени количини.

Турбината треба да се постави во руската станица Портоваја, а во претходните месеци редовно се одржуваше во Канада. По неколкумесечна сага за тоа дали испраќањето на турбината назад во Русија е кршење на санкциите, канадскиот премиер Џастин Трудо одлучи турбината да оди во Германија, а потоа во Москва.

Според извори на Ројтерс, логистичката компанија „Челинџ груп“ ја вратила турбината во Келн и не е јасно кога ќе биде испорачана во Москва. Според упатените, овој процес би можел да трае со недели.

Германија го отфрла аргументот на Русија дека исчезнатата турбина е причина за помалку испораки преку Северен тек 1 и вели дека Москва го користи гасот како политичко оружје.

Од друга страна, Русија вели дека враќањето на турбината имало директно влијание врз безбедното функционирање на гасоводот, додавајќи дека документацијата на компанијата „Сименс енерџи“ потребна за нејзино повторно инсталирање се уште ја нема.

Досега Москва не ги доставила документите потребни за увоз на турбината во Русија, вклучително и детали каде точно треба да биде испорачана и преку која царина.

„Во нормални околности, одржувањето на турбините е рутинска операција за нас. Се разбира, сакаме да ја транспортираме турбината до работното место што е можно поскоро. Но, времето што е потребно не е само под наша контрола“, се наведува во соопштението на компанијата „Сименс енерџи“.

Слично

Поврзани вести