„Гаспром“ на историска граница: Бараат се повеќе!
Сигурен пораст на побарувачката за руски гас сведочи за довербата и стабилнара испорака на „Гаспром“ во Европа, соопшти претставникот на управат Алексеј Милер.
„Гаспром“ на 25 ноември осми пат оваа есен постави рекорд во извозот на гас - 601,2 милиони кубни метри гас дневно.
„Овој важен настан е историска граница од точката на гледиште за нашите испораки. Потврдениот раст на побарувачка за руски гас сведочи за довербата и стабилноста на испораката на „Гаспром“ во Европа“, рекол Алексеј Милер, коментирајќи го новиот рекорд на испорака на гас во странство.
„Гаспром“ очекува дека во ноември-декември извозот на гас во странство ќе остане на високо ниво, изјавил во почетокот на ноември заменик претставниклот на управата на Гаспром, Александар Медведев.
Како што претходно соопшти компанијата, испораките на „Гаспром“ во странство во јануари-октомври пораснале за десет отсто во споредба со истиот период лани, или за 13,05 милијарди кубни метри.
Според ланските податоци на „Гаспром“ испораките на компанијата во јануари-октомври 2015 во странство биле 130,8 милијарди кубни метри.
Според тоа, обемот на испорака за 10 месеци оваа година би можел да изнесува 144 милијарди кубни метри.
