Гаспром има повеќе причини да ја тужи Украина?
Повеќе основи за обраќање до судот има Гаспром околу испорачаниот гас отколку украинската страна, изјавил рускиот министер за енергетика Александар Новак, пренесува Итар Тасс.
Тој по завршувањето на преговорите за гасот меѓу Русија, Украина и Европската комисија во Берлин укажал дека тоа е долга процедура која не е конструктивна.
„Подобро е да се договораме без да се обраќаме до судовите“, додал Новак.
Европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер вчера по состанокот изјави дека Украина уплатила 780 милиони евра за дел од рускиот гас и дека е спремна во рок од десет дена да го плати целосниот долг за гасот по цена од 268 долари за илјада кубни метри.
Според договорот постигнат на претходната рунда преговори на 26 мај, Украина требаше до 30 мај да плати две милијарди долари, а до 7 јуни уште половина милијарда од долгот за гас.
Слично
