Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Гаспром“: Ако Украина не го плати долгот, Европа за два дена ќе остане без 55 одсто од рускиот гас!

„Гаспром“: Ако Украина не го плати долгот, Европа за два дена ќе остане без 55 одсто од рускиот гас!

Русија во потполност ќе ја прекине доставата на гас во Украина за рок од два дена доколку Киев не го исплати својот долг, што може да доведе до транзитен ризик и за Европа, се неведува во соопштението од компанијата „Гаспром“, а го пренесува Русија тудеј.

Директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер изјавил дека Украина не платила за испорака на гас од март и дека моментално ги вади сите можни платени залихи, со што ризикува за прекин на испорака за гас.

Од порано уплатениот аванс остана само уште за 219 милиони кубни метри гас.

„Потребни се два дена за да може уплатата да легне на сметка на „Гаспром“. Поради тоа испораката на 114 милиони кубни метри на гас за Украина ќе донесе до целосен прекин на испорака на рускиот гас веќе за два дена, што ќе го доведе до ризик транзитот за Европа“ изјавил Милер.

Како што соопштува агенцијата Тас, од нафтогасот на Украина во понеделникот соопштиле дека Русија го прекинува Бриселскиот договор со што не го исполнила барањето за испорака на гас во Украина врз основа на авансно платениот гас.

Русија обезбедува околу 30 одсто од потребите на гас за Европа, а 55 одсто од оваа количина ја тренспортира преку Украина, преку која се снабдува и Србија.

Слично

Поврзани вести