Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гасоводот Набуко пред конечно решение за маршурата

Гасоводот Набуко пред конечно решение за маршурата

Регулаторните органи на Австрија, Унгарија, Романија и Бугарија информираа дека продолжува рокот на важењето на 50 процентното исклучување од забраната за пристап на трети земји во проектот за гасоводот Набуко. Како што соопшти групацијата „Набуко гас пајплајн интернешнл“, продолжувањето на рокот е во согласност со очекувањата за доставување гас од втората етапа на експлоатација на азербејџанското наоѓалиште  „Шах Дениз“, кое е главен извор на гас за европскиот гасоводен проект Набуко-Запад.

Четирите национални регулатори потврдија дека ја поддржуваат и нормативната база за Набуко-Запад, која вклучува меѓувладини спогодби и спогодби за поддршка на проектот.

Во моментов акционери во Набуко Запад се австриската О-Ем-Ви, унгарската ФГС, бугарската Булгаргаз, романската Трансгаз, турската БОТАШ.

Конечното решение за маршурата на гасоводот се очекува во јуни 2013 година

Слично

Поврзани вести