Гасоводот кој ги обедини ЕУ и Русија-даваат милијарди долари
Компанијата Северен тек 2 АГ потпишала договори со компаниите Анџи, ОМВ, Ројал Дач Шел, Унипер и Винтершел за финансирање проекти од гасоводот на Северен тек 2.
За него ќе обезбедат половина средства од вкупно 9,5 милијарди евра, соопштил руски Гаспром.
Пет европски енергетски компании ќе платат дури 950 милиони евра поединечно, додека останатите средства ќе ги обезбеди Гаспром кој останува единствен акционер во компанијата Сверен тек 2 АГ, која е изведувач на гасоводот, пренесува Тас.
Изградбата на гасоводот ќе почне во 2018 година, а ќе биде завршена до крајот на 2019 г. соопштија компании кои учествуваат во изградбата.
Гасоводот во должина од 1 220 км и вкупен годишен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас, би ја зголемил двојно количината на гас кој од Русија директно би се испорачувал во Германија преку Балтичко море, заобиколувајќи ја Украина како традиционална транзитна рута.
