Гардистите на кралицата Елизабета прегазија момче
Се појави видео на кое се гледа како двајца гардисти на кралицата Елизабета Втора, преглазуваат момче.
Видеото го објави Американец, чија сестра била во посета на Лондон и којашто го видела настанот. Голем број на Британци искоментираа дека во нивната земја, повеќе никој не е безбеден.
Британската војска соопшти дека била информирана за инцидентот и дека гардистите „ги предупредиле минувачите дека наидува патрола, но детето, за жал, одеднаш истрчало пред војниците“. „По инцидентот војниците го контактираа семејството на детето и се уверија дека е добро“, соопшти британската војска.
Слично
