Гардијан: Путин се обидел да го одложи договорот за примирјето
Рускиот претседател Владимир Путин во текот на разговорите во Минск се обидел да го оддложи договорот за примирје во Украина за 10 дена, додека проруските активисти не го освојат источниот дел од Дебаљцево, соопштува британскиот весник „Гардијан“, повикувајки се на сознанија од самитот на ЕУ.
Тројца од четворицата кои учествувале на преговорите во Минск - германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсо Оланд и претседателот на Украина Петро Порошенко - долетале на самитот во Брисел дирекно од Белорусија.
Информирајќи ги 26 шефови на влади од ЕУ дека долгите преговори кои резултираа со примирје и кои би требало да стапат на сила во недела, учесниците не гледаат некои охрабрувачки слики.
Сведоците на самитот на ЕУ, како што пренесува „Гардијан“ не наведувајќи ги имињата на изворот, изјавиле дека сите лидери на унијата се скептични кога е во прашање мировниот план од Минск, делумно поради Путин, како што беше кажано, се спротиставил на притисокот да се согласи на примирје.
Тој се надевал на одложување на примирјето за 10 дена, како што било наведено на самитот, да за тоа време 8000 украински војници кои се во Дебаљцево бидат заобиколени од проруските сили и бидат принудени да се предадат.
Путин јасно стави до знаење дека Дебаљцево мора да падне, беше кажано на самитот во Брисел.
Рускиот претседател, изнел јавни примедби по потпишувањето на договорот, исто така изјавил дека про-руските активисти се опкружени од украинскиот сили, и дека „се разбира, се очекува дека (Украинците) ќе го положат оружјето и да престанат да даваат отпор“, соопштува „Гардијан“.
Расположението на самитот во ЕУ кога станувало збор за мировниот договор за Украина било безнадежно, а лидерите заклучиле дека Путин е расположен за војна а не за мир.
Од друга страна, приоритетот на Порошенко бил да се постигне договор за мир.
Украинскиот претседател според пишувањата на овој весник пред учесниците на самитот во Брисел зборуваше многу емотивно за тешката состојба во источниот дел од Украина, велејќи дека тој не спиел две ноќи.
„Никој не е цврсто убеден дека мировните услови кои се потпишани во Минск ќе биде применети“, предупредил Порошенко.Денеска на истокот на Украина се водат жестоки борби, во кои и двете страни се обвинуваат за убивање на цивили, соопштува британскиот весник.
