Галибаф: Три од десетте точки од нашиот предлог веќе се прекршени, преговорите се бесмислени
Три од десетте точки од нашиот предлог веќе се прекршени, преговорите се бесмислени, велат иранските власти.
Мохамед Багер Галибаф, претседателот на иранскиот парламент кој треба да учествува во преговорите за прекин на огнот со САД, рече дека три точки од иранскиот предлог од десет принципи веќе се прекршени, додавајќи дека во таква ситуација преговорите се „неразумни“.
Галибаф во објава на „Икс“ рече дека ова вклучува кршење на прекинот на огнот во Либан, влегување на дрон во иранскиот воздушен простор и негирање на правото на Иран да збогатува ураниум.
Иран и САД се согласија на двонеделна пауза во борбите и привремено повторно отворање на Ормутскиот теснец како дел од најновиот договор за спречување на масовното уништување со кое се закани Трамп.
Се очекува директни разговори меѓу САД и Иран да се одржат во сабота во пакистанскиот главен град Исламабад, соопшти Белата куќа во среда, откако беше објавено прекинот на огнот.
САД и Израел на 28 февруари годинава почнаа со напади на Иран.
foto printskrin youtube
