(ГАЛЕРИЈА) Стотици повредени и десетици загинати по силниот земјотрес во Авганистан
Силниот земјотрес кој го потресе авганистанскиот регион Хиндукуш, беше почувствуван во голем дел од Јужна Азија, повредувајќи над 100 лица во соседен Пакистан.
Земјотресот со интензитет од 7,6 степени по Рихтер кој траел повеќе од една минута, потресол згради во Кабул, Делхи и Исламабад, предизвикувајќи паника помеѓу населението.
[gallery ids="182119,182118,182117"]Над 100 лица се повредени во пакистанскиот град Пешавар.
„Многу други повредени продолжуваат да пристигнуваат во болницата. Многу се сеуште под урнатините“, коментирал д-р Мохамед Садик. 29 лица загинаа. Меѓу загинатите има и деца.
Најмалку 12 девојки биле жртви на стампедо во нивното училиште во северниот авганистанска провинција Тахар.
[gallery ids="182116,182115,182114"]„Учениците трчале да избегаат од зградата на училиштето во градот Талукан, предизвикувајќи стампедо. Дванаесет ученици, сите малолетни, загинале, а други 365 се повредени“, изјавил директорот на училиштето Инат Навид.
Два последователни потреси го проследиле моќниот земјотрес.
[gallery columns="4" ids="182110,182109,182108,182107"]Првиот од нив со сила 4,8 магнитуда е регистриран на околу 48 километри источно од Фархар, а вториот - на 45 километри.
Индија е подготвена да помогне во случај да има потреба на настраданите од земјотресот во Авганистан и Пакистан, изјавил премиерот на земјата Нарендра.
[gallery ids="182113,182112,182111"]„Слушнав за силниот земјотрес во регионот на Авганистан и Пакистан, потресите беа почувствувани и во дел од Индија. Дадов наредба итно да се направи проценка на ситуацијата и сме подготвени да дадеме помош во случај на потреба, вклучувајќи на Пакистан и Авганистан“, напишал премиерот на „Твитер“.
