Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) СРЕДБА Путин – Обама: Ракување од кое се тресеше светската јавност!

(ГАЛЕРИЈА) СРЕДБА Путин – Обама: Ракување од кое се тресеше светската јавност!

Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин се ракуваа и влегоа на првата значајна средба за последните две години.

Вчера и двајцата државници изнесоа говори пред Генералното собрание на ОН во Њујорк. Барак Обама го критикувал Путин за неговата поддршка кон „тиранинот“ Асад. За возврат рускиот претседател го поврзал подемот на „Исламската држава“ со неуспехот на американските интервенции во Блискиот Исток.

Средбата помеѓу Путин и Обама надмина час и 40 минути.

Односите помеѓу САД и Русија се наоѓаат на ниско ниво. Тоа го изјавил рускиот претседател по завршувањето на средбата.

putin obama sredba

Путин истакнал дека сепак дијалогот бил искрен, а Обама ја изложил детално својата позиција во однос на конфликтите во источна Украина и Сирија. „Што се однесува до денешната средба, таа беше многу корисна и - она ​​што е особено пријатно - многу отворена“, изјавил рускиот претседател по средбата со Обама.

Претседателот на Русија, Владимир Путин има голема почит кон американскиот претседател Барак Обама и секогаш е отворен за контакти, коментирал рускиот државник за „CBS“. „Повторувам, имаме мазни интерперсонални и човечки односи, чувствуваме почит еден кон друг, а бизнис контактите ни се на добро работно ниво“, изјавил Путин.

putin obama sredba 1

„А што мисли претседателот на САД, претседателот на Франција, канцеларката на Германија, премиерот на Јапонија, шефот на Државниот совет или претседателот на парламентот во Кина - од каде да знам? Ние го гледаме она што ни кажуваат луѓето, а не она што го прават“, додал шефот на Кремљ.

Зборувајќи за билатералната средба со американскиот претседател, рускиот лидер истакнал дека прашањето тука не е во меѓусебната желба или неподготвеност да комуницираат едни со други.

Претседателот на Русија, Владимир Путин и американскиот колега Барак Обама постигнале договор да бараат заедничко политичко решение за кризата во Сирија.

putin obama sredba 2

Лидерите на двете држави, сепак се разминуваат во однос на визијата за иднината на блискоисточната држава. Путин ја поддржува владата на Башар Асад во Дамаск, додека Обама не гледа можност за стабилизирање на ситуацијата во Сирија, додека режимот на сирискиот претседател останува на власт.

putin obama sredba 3 putin obama sredba 4 putin obama sredba 5 putin obama sredba 6 putin obama sredba 7 putin obama sredba 8 putin obama sredba 9 putin obama sredba 10

Слично

Поврзани вести