Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) ПЕКОЛ ИЛИ РАЈ: Ова е градот во кој Божиќ трае цела година!

(ГАЛЕРИЈА) ПЕКОЛ ИЛИ РАЈ: Ова е градот во кој Божиќ трае цела година!

Во Кина постои место во кое Божиќ е секој ден. Не, тоа не е поради тоа што сите мештани го сакаат овој празник, подароци и Дедо Мраз. Овој град е еден од најголемите произведувачи на Божиќни украси на светот.

bozic-5-foto-reuters_f

Само на два часа возење од Шангај се наоѓа Јиву, градчето кое е вистински рај за љубителите на Божиќ. Во огромниот затворен пазар, може да купите елки, сијалички, декорации, машни и се што има врска со овој празник. Затоа за оние кои живеат во овој град Божиќ трае цела година.

Овој пазар е толку голем, што ќе ви треба цел ден да прошетате низ него, а продавачите најмногу сакаат да продаваат на големо. Јиву  произведува околу 60 проценти од светските залихи на Божиќни декорации и околу 90 посто од декорацијата за подрачјето на Кина.

bozic-2-foto-reuters_f

Порачките воглавно доаѓаат од Европа, САД и Јужна Америка. Оваа година, сепак, порачките за Европа се намалиле во однос на минатата година. Вработените во оваа индустрија велат дека продаваат елки од март до декември.

bozic-1-foto-reuters_f

Иако овој град цела година е претворен во Божиќна бајка, Кинезите од Јиву не ја разбираат таа опсесија на овој празник. Можеби тоа е поради религиозните причини кои не се разбираат, како ни што остатокот од светот не ја разбира традицијата на Кинеската нова година.

bozic-3-foto-reuters_f

А, исто така е можно кога не сте нон-стоп опкружени со Божиќна декорација и правите по 10 часа дневно, тоа за вас да нема ист гламур.

Слично

Поврзани вести