(ГАЛЕРИЈА) Пакистан и Авганистан по земјотресот од 7,5 по Рихтер: Остатоци, очај и глад
Неколку часа пред катастрофалниот земјотрес во Пакистан, Авганистан и деловите од Индија, Лал Мохамед ги остава своите три деца во нивниот дом во Исламабад и тргнува со жена му, за да присуствува на погребот на нејзината тетка. Два дена подоцна треба да ги закопа и трите деца, кои загинале откако куќата се урнала врз нив. Лал е само еден од стотиците семејства на кои им наштети земјотресот со јачина од 7,5 степени по Рихтер, соопшти „Ал Џезира“.
[gallery ids="182497,182496,182495"]Бројот на жртвите надмина 360 лица, а нивниот број најмногу е во северен Пакистан. Преживеаните пак имаат очајна потреба од храна и ќебиња.
[gallery ids="182494,182493,182492"]Во погодените области семејствата масовно организираат погреби на загинатите и своите блиски.
[gallery ids="182491,182490,182489"]Беше јасно и дека властите испратиле тешка опрема за расчистување на оштетените патишта помеѓу Пакистан и Кина. Се поправаат и патишта и во други области погодени од земјотресот. Властите во Авганистан исто така прават сé што можат за да стигнат до преживеаните во оддалечената област под контрола на талибанците во провинцијата Бадахшан.
[gallery columns="4" ids="182488,182487,182486,182485"]