Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Како Германија ги пречекува бегалците

(ГАЛЕРИЈА) Како Германија ги пречекува бегалците

Само за минатиот викенд во Германија пристигнале речиси 20 илјади бегалци, а најголем дел од нив доаѓаат од Сирија, Ирак и Авганистан.

germanija begalci 9

Во последните неколку недели тие поминале долг пат, и со денови беа задржани на границите на Унгарија, Србија и Македонија.

germanija begalci

Германските власти организираа импресивен пречек.

germanija begalci 1

Десетици луѓе им раздаваа пакети со храна на пристигнување и убави играчки на децата. Им биле обезбедени кревети во центарот за бегалци во Минхен и донации од облека за сиромашните.

germanija begalci 2

Германија „ќе се промени“ од приливот на мигранти, изјави вчера канцеларката на Германија, Ангела Меркел. Таа вети дека ќе работи за да може промените да бидат позитивни, и додала дека според неа тоа е можно.

germanija begalci 3

Зборувајќи за „емоционалниот потресен викенд“, таа изрази задоволство дека „Германија стана земја со која луѓето се дружат и имаат надеж“.

germanija begalci 4

Таа истакнала дека Германија ќе им даде заштита на оние кои имаат потреба од неа, но и оние кои немаат шанса за добивање на азил, ќе треба да се вратат брзо во своите домови, забележуваат американските медиуми.

germanija begalci 5

Изразувајќи уште еднаш верување дека Германија ќе може да ги пречека и интегрира пристигнатите илјадници бегалци, Меркел повика на напори од страна на ЕУ. „Нема да се справиме без европска солидарност“, истакнала таа.

„Германија, Австрија и Шведска не можат да бидат единствените земји кои примаат бегалци“, додала на истата прес-конференција заменик-канцеларката и министер за економија Зигмар Габриел од СПД.

germanija begalci 6

„Не може некои земји да велат: Немаме ништо со тоа“, изјавила и Меркел. Таа сепак изрази надеж дека ситуацијата ќе се промени.

germanija begalci 7

Германската канцеларка Ангела Меркел изразила задоволство од одлуката на владејачката коалиција да одвои 6 милијарди евра за прифаќање на бегалците во Германија:

„За прв пат изработивме заеднички концепт за предизвикот со кој се соочуваме - поврзано со доаѓањето на бегалците и луѓето кои бараат азил од војната и прогонот. Ова е нашиот одговор“, смета Меркел.

germanija begalci 8

Слично

Поврзани вести