(ГАЛЕРИЈА) ИНСТАГРАМ ОДБРА: Ова е најубавиот хотел кој ќе сакате да го посетите
Ова се три елементи кои фотографијата за Инстаграм од одмор може да ја прослават или уништат: дестинацијата вредна за посета, убавото време и прекрасното природно опкружување...
На пиедесталот се најде Anantara Kihavah Maldives Vilas. Хотелот кој ја однесе победата во сите три категории, поради што ниту малку не нѐ чуди што е прогласен за хотел кој најмногу пати е објавен на таа социјална платформа.
Сместен на малиот остров во Индиски океан, овој хотел со своите вили нуди луксузен, но изолиран одмор во исто време, одговарајќи на секоја желба, давајќи ни можност да се оттргнеме целосно од барањата на секојдневниот живот.Многу луѓе мислат дека опциите за забава и одмор се ограничени бидејќи се наоѓаат на остров, но, всушност ова одморалиште нуди шест ресторани со различни кулинарски понуди.
Величенствените вили над вода имаат кади на отворено и приватни базени, од кои можете да уживате во неверојатни залези на сонцето.
Самиот остров поседува бел, нежен песок и кристално чиста вода, која секоја фотка ќе ја направи сјајна без многу труд.
Инаку, одморалиштето титулата најпопуларен хотел на Инстаграм ја доби по гласањето на корисниците на интернет - дури 121 000 гласови се добиени во текот на оваа анкета, а 45 385 го посетиле Anantara Kihavah одморалиштето.
