ГАЛАНТ: Израелските трупи наскоро „ќе тргнат во акција“ на границата со Либан
Израелските трупи наскоро „ќе тргнат во акција“ на границата со Либан.
Ова денеска го потврди министерот за одбрана Јоав Галант. Тој им соопшти на војниците во близина на границата со опколениот Појас Газа дека други се распоредени на северот на Израел.
„Тие многу брзо ќе тргнат во акција… така што силите на север се засилени“, рече Галант.
Началникот на израелската армија Херци Халеви на почетокот на овој месец изјави дека веројатноста за војна на северната граница станала „многу поголема“.
Од почнувањето на војната меѓу палестинската терористичка група Хамас и Израел на 7 октомври, на либанско-израелската граница се забележува речиси секојдневна размена на оган меѓу израелската армија и либанското движење Хезболах поддржано од Иран, сојузник на Хамас.
Слично
