Г7: Санкциите против Русија остануваат
Санкциите против Русија ќе останат на сила до целосното исполнување на Минските договори и може да бидат проширени во случај на потреба, се вели во заедничката декларација, усвоена на крајот од состанокот на Г7 во Јапонија, соопштија светските медиуми.
Од Г7 потврдија дека продолжувањето на санкциите против Русија е целосно поврзано со активностите на Москва за целосна имплементација на Минските договори и почитување на суверенитетот на Украина.
За откажување може да се зборува само ако Русија ги исполни целосно обврските. „Подготвени сме да воведеме дополнителни ограничувања, ако активностите на Русија го наметнуваат тоа“, се вели во декларацијата.
Во соопштението се истакнува дека лидерите од Г7 го поддржуваат зачувувањето на дијалогот со Москва за решавање на украинскиот конфликт.
