Економија, финансии, бизнис

Контакт

Г20 мора да отвори околу 67 милиони работни места

Г20 мора да отвори околу 67 милиони работни места
Cостанокот на 20-те водечки развиени и економии во развој, мора вработувањето да го прогласат за приоритет на овонеделниот самит во Москва, предупредија вчера Меѓународната организација на труд (ILO) и Организацијата за економска соработка и развој (OECD). Шест години од почетокот на меѓународната финаника криза, темпото на вработување и понатаму е слабо во поголемиот дел од членките на Г20, нагласија во заедничко соопштение директорот на ILO, Гај Рајдер и главниот секретар на OECD, Ангел Гури. Иако стапката на невработеност во последните 12 месеци благо опаднала во половина од членките на Г20, во другата половина од нив бележи пораст, а во Шпанија и Јужноафриканската Република во моментов надминува над 25 посто. Вкупно, во првата половина од оваа година, во членките на Г20, без работа биле дури 93 милиони граѓани, при што, 30 посто од нив е без работа подолго од една година. Рајдер и Гури побараа засилени вложувања во инфраструктурата, поголеми кредитни пласмани кон малите претпријатија, подобрување на составот на социјалната грижа и минимална плата, како и поголеми шанси за вработување на младите. За да се намали стапката на невработеност и таа да се врати на ниво од пред кризата, Г20 мора да отвори околу 67 милиони работни места, предупредија челниците на овие две меѓународни организации.    
Слично

Поврзани вести