Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Г-ДИН КИСИНЏЕР НИШТО НЕ РАЗБРАЛ“: Подољак му порача на екс-државниот секретар на САД

„Г-ДИН КИСИНЏЕР НИШТО НЕ РАЗБРАЛ“: Подољак му порача на екс-државниот секретар на САД

Помошникот на украинскиот претседател Михаил Подољак на својот профил на Телеграм напиша дека поранеѓниот државен секретар на САД ништо досега не разбрал за војната во Украина: На својот профил на Телеграм, тој напиша:

„Г-дин кисинџер ништо не разбрал. Рецептот на кој тој повикува, но се плаши гласно да го каже е едноставен – смирете го агресорот жртвувајќи делови од Украина, со гаранции за ненапаѓање на другите источноевропски земји“, напиша Подољак. Тој додаде дека сите оние кои се залагаат за мир „треба да разберат дека секој договор со ѓаволот, односно мир на сметка на украинските територии, е победа на Путин, како и рецепт за успех на автократите ширум светот“.

Поранешниот американски дипломат Хенри Кисинџер изјави денеска дека е дојдено време за крај на конфликтот во Украина со цел да се намали ризикот од нова катастрофална светска војна, но Владата во Киев ги отфрли тие коментари и нагласи дека не може да има договор кој вклучува отстапување на украинска територија.

„Постигнувањето мир во секој случај треба да ги поврзе Украина и НАТО. Неутралноста како алтернатива повеќе нема смисла“, напиша Кисинџер (99) во едиторијал за магазинот „Спектатор“, пренесе Ројтерс.


Слично

Поврзани вести