Г-20 побараа САД да дејствуваат брзо за избегнување банкрот
Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите со најголеми економии во светот се изјаснија за прифаќање на итните мерки од страна на властите во САД , насочени кон надминување на ситуација поради блокираното усвојување на буџетот за новата финансиска година која започна на 1 октомври, како и за зголемување на горната граница на државниот долг , соопшти Интерфакс .
„САД треба да усвојат итни мерки насочени кон надминување на проблемите во финансиско- буџетската област " , се наведува во коминике на Самитот .
Потоа на прес-конференција , рускиот министер за финансии Антон Силанов потврди дека ова прашање беше дискутирано од министрите.
„Од ситуацијата околу зголемувањето на државниот долг на САД , со државните обврзници , се разбира , зависи ситуацијата и на други земји , вклучувајќи ја и Русија", вели тој. Силунов потсети дека 40% од руските резерви се во американски државни хартии од вредност . Тој, сепак, истакна дека Русија нема намера да ја менува инвестиционата политика и да се откажува од вложувањата во државни обврзници на САД .
„Сметам дека во моментов нема потреба од промена на стратегијата во инвестирањето на нашите резерви", рече рускиот министер .
Тој прецизира дека американските државни обврзници имаат еден од највисоките рејтинзи и изрази надеж дека блокадата на преговорите за зголемување на таванот на долгот е привремена.
Гувернерот на австриската централна банка и член на Управниот одбор на Европската централна банка Евалд Новотни посочи дека сè што ја намалува несигурноста , е позитивно , но и дека е потребно долгорочно решение.
Лидерите на земјите -членки на Г-20велат дека промената во капиталните текови останува сериозен предизвик . Според нив растечките економии остануваат важни двигатели на светскиот економски раст , иако во последните години растот во многу од нив има забавување и се очекува овој тренд да се задржи .
„Некогаш имаше излив на радост , а сега можеби - испад на песимизам " , изјави гувернерот на централната банка на Бразил Александре Томбини .
„Бразил и многу од новите економии како целина се во многу посилна позиција од вообичаено претставување" , додаде тој.
Слично
