Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фунтата тоне се подлабоко, акциите експлодираа

Фунтата тоне се подлабоко, акциите експлодираа

Фунтата падна на 31-годишен минимум спрема доларот поради загриженоста во поглед на временскиот период планиран за излез на Велика Британија од ЕУ, соопштија трговците.

Британската валута, исто така падна на нов три годишен минимиум спрема еврото, но нејзиниот пад ја турна вредноста на главниот индекс на Лондонската берза, FTSE 100, на 16-годишен максимум односно над 7000 поени по отворањето на берзата, пренесе Франс прес.

Околу 07:25 часот по Гринич, фунтата паднала на 1,2757 долари, најниско ниво од 1985 година, додека кон еврото ослабнала на 87,56 пени за евро, што е нејзино најниско ниво од 2013 година.

Истовремено, индексот  FTSE 100 зајакнал за 1,1 отсто, на 7.060,46 поени во утринското тргување во однос на вредноста од вчерашното затворање на берзата.

Во еврозоната, франкфуртскиот индекс DAX 30 зајакна за 0,6 отсто, на 10.577,94 поени во однос на вредноста од крајот на минатата недела.

Парискиот индекс KAK 40, во меѓувреме, пораснал за 0,7 отсто, на 4.485, 41 поен.

Британската премиерка Тереза Меј минатиот викенд најави дека нејзината влада во наредните шест месеци ќе го покрене процесот за излез на Британија од ЕУ.

Слично

Поврзани вести