Фунтата под притисок врз основа на разговорите за Брегзит
Британската фунта беше подложена на притисок, по појавата на информации дека преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија во врска со сметката за Брегзит повторно удриле на камен, обновувајќи ги стравувањата дека почетокот на трговските преговори ќе биде одложен уште еднаш.
Според весникот Guardian, британскиот тим задолжен за преговорите за Брегзит подлегнал на остри критики за планот на Европската унија за разделба со Велика Британија во рамките на три часовна презентација, која завршила со изјавата дека "сметката по разводот" не одговара на пресметките на тимот .
Според светски медиуми, британскиот преговарачки тим застанал зад ставот дека предлогот на ЕУ е "незадоволителен", додавајќи дека "никој нема да потпише чек на база на документот на комисијата." Британскиот тим исто така изразил категорично несогласување со неодамнешните коментари на главниот Преговарачот на ЕУ, Мишел Барние, кој рече дека Британија не е "сериозна" во врска со дискусиите за излезната сметка.
Последниот пад на британската фунта дојде откако ефективниот девизен курс на Британската централна банка (ЕЦБ) го достигна деветмесечното дно во средата. Фунтата сепак не успеа да го искористи говорот на Мајкл Саундерс од Комитетот за финансиската политика кон АЦБ кој објасни зошто гласал за кревање на каматата за 0,25% на последната средба на Комитетот. Саундерс рече дека слободните капацитети на британската економија се апсорбираат побрзо од очекуваното, додека инфлацијата ќе остане над саканото ниво за подолго време.
"Не треба да се стапне на сопирачките толку силно дека економијата ќе тргне нагло надолу, но според мое мислење не треба да ја држиме ногата на гас. Минималното зголемување на каматните стапки ќе помогне да се одржи враќањето на посакуваните стапки на инфлација со текот на времето."
Парот GBP / EUR останува во рамките на GBP 1.09 за фунта, додека GBP / USD по фунта се разменува за 1,29 долари.
