Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фунтата на двегодишен минимум по намалувањето на кредитниот рејтинг на Британија

Фунтата на двегодишен минимум по намалувањето на кредитниот рејтинг на Британија
Вредноста на британската фунта опадна денеска на сите финансиски пазари, откако „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Велика Британија. Тоа предизвика пад на фунтата кон американскиот долар, на најниско ниво во последните две години, како и кон еврото на нивото што последен пат е забележано пред 16 месеци. Во петокот „Мудис“ прв пат по 1974 година, го намали британскиот рејтинг од досегашните ААА на Аа1. Фунтата опадна за 7 отсто во однос на доларот и 7,5 отсто во однос на еврото. За една фунта, во просек сега се добиваат 1,5 долари, додека за еврото 87 пени или 17 пени повеќе отколку пред три месеци. Британските опозициски лабуристи го оценија намалувањето на кредитниот рејтинг како „понижување“ за Велика Британија и за нејзината економија, но пред се за коалициската Влада на премиерот Дејвид Камерон и нејзината економска политика. Лабуристите бараат од Владата промена на досегашниот курс на економската политика, обвинувајќи ја за погрешно водење на државата.
Слично

Поврзани вести