Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фукушима“- еколошка бомба, повторно тече радиоактивна вода

„Фукушима“- еколошка бомба, повторно тече радиоактивна вода

Повторно истече радиоактивна вода од подзмените резрвоари на нуклеарната централа „Фукушима“. Како што информираа од компанијата „Токио Електрик Пауер Компани“ (ТЕПКО), која стопанисува со нуклеарката, од резервоарот веројатно истекло минимално количество на вода, бидејќи не е забележано некакво намалување на нивото на водата во неговата внатрешност.

И вчера од ТЕПКО соопштија дека од подземните резервоари на „Фукушима“ истекле 167 тони радиоактивна вода, која го загади околното земјиште, но смируваат дека водата не достигнала до океанот.

Компанијата се уште истражува како се случило истекувањето на водата која служи за ладење на реакторите на нуклеарката.

„Фукушима“ не работи од хаваријата предизвикана за време на земјотресот и ударот на цунами бранот во март 2011 година, но централата сега претставува вистинска еколошка бомба.

Слично

Поврзани вести