Фудбалерот Робињо осуден на девет години затвор - силувал Албанка
Бразилскиот фудбалер Робињо е осуден на девет години затвор поради силување извршено во 2013 година.
Некогашниот првотимец на Манчестер Сити, Милан и Реал Мадрид беше прогласен за виновен поради силување на Албанка на 22 јануари, 2013 година во ноќен клуб во Милано, додека беше член на „росонерите“. Покрај Робињо, уште пет лица се прогласени за виновни.
Робињо е активен фудбалер и игра во Бразил, за екпата на Атлетико Минеиро.
Слично
