Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФУДБАЛЕР УАПСЕН НА АЕРОДРОМ: Кај себе имал премногу кеш, играчот некој анонимно го пријавил во полиција

ФУДБАЛЕР УАПСЕН НА АЕРОДРОМ: Кај себе имал премногу кеш, играчот некој анонимно го пријавил во полиција

Фудбалерот на Наполи, Костас Манолас е уапсен на аеродромот кога заминал за Грција.

Имено, Манолас со себе имал премногу кеш, повеќе од дозволеното кога е во прашање царинскиот транспорт од Италија.

Манолас изјави дека ја подигнал готовината што му била потребна и дека добил дозвола од клубот да замине во Грција на неколку дена. Сепак, италијанската полиција веднаш го уапси Манолас, кој по изјавата беше ослободен, но случајот не беше завршен, па тоа може да им создаде проблеми на Наполитанците во наредниот период.

Целата ситуација доби на тежина бидејќи полицијата добила дојава дека Манолас со себе има повеќе од дозволеното кеш.

Наполи по одличниот старт влезе во лоша резултатска серија, а во шеснаесетфиналето од Лига Европа за противник ќе ја има Барселона.

Инаку, Манолас сезонава одигра седум натпревари за Наполи во сите натпреварувања, а на југот на Италија дојде во 2019 година од редовите на Рома.

Извор и фото: Курир.рс

Слично

Поврзани вести