Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фудбалер скокнал од втор кат за да се спаси при разорниот земјотрес во Турција

Фудбалер скокнал од втор кат за да се спаси при разорниот земјотрес во Турција

Фудбалер при земјотресот во Турција скокнал од втор кат и преживеал.

Бариш Башдаш (33), германски фудбалер со турско потекло, едвај се спасил. Како што пишува германскиот весник Билд, Башдаш скокнал од терасата од вториот кат и преживеал.  Тој е тешко повреден и се наоѓа во болница. Башдаш е роден во Германија каде играше за Хановер, но целата кариера ја помина во турски клубови.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека некои хотели во одморалиштето Анталија ќе бидат привремен дом за преживеаните од земјотресот, во кој вчера загинаа неколку илјади луѓе на југот на Турција.

Во овие два дена турското тло се тресело над 450 пати. Многу земји испраќаат помош за Турција и Сирија. 

Дете помина 20 часа под урнатините додека да го пронајдат и спасат. Турските медиуми објавија многу потресни приказни од Турција. 

Слично

Поврзани вести