Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фудбалер ќе одговара за навреда на Ердоган

Фудбалер ќе одговара за навреда на Ердоган

Турскиот фудбалер  Хакан Шукур ќе одговара за навреда против претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган.

Тој е познат како фудбалер со најбрз гол во историјата на светските првенства и негова е заслугата за третото место на Турција на Мундијалот во 2002-ра година. Се гони за коментирите на Твитер од февруари 2015-та, во кој го обвинил Ердоган за  кражба, макар и што  не го користел директно името на претседателот. Судењето започна денеска, а обвинителството бара 4 години затвор за поранешниот напаѓач на Галатасарај.

Адвокатот на Шукур откри дека неговиот клиент во САД и ќе даде видео сведочење од таму, ако е потребно. По завршувањето на фудбалската кариера, Шукур влезе во политиката во 2011-та година, кога беше избран за пратеник од Партијата на правдата и развојот.

Пред три години се откажа од политиката поради истрага за корупција против Ердоган. Фудбалерот му  се приклучи на крвниот непријател на Ердоган – Фетулах Гулен.

Ердоган досега ги тужеше германската издавачка куќа „Аксел Шпрингер“ поради исмевање, а имаше и случај кога еден возач на камион од Турција поднел тужба против неговата сопруга, бидејќи го навредувала турскиот претседател.

Слично

Поврзани вести