Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фронтекс”: Нова бран мигранти ќе ја преплави Европа, главно од Африка

„Фронтекс”: Нова бран мигранти ќе ја преплави Европа, главно од Африка

Миграциската криза не е помината. Луѓето продолжуваат да бегаат, но нешто пострашно е што сега имаме повеќе бегалци во споредба со претходниот период.

Ова предупредување го упати директорот на Европската агенција за управување на надворешните граници „Фронтекс“, Фабрис Леджери.

Во моментов ситуацијата на Балканот е мирна, но во исто време се отвора нов центар во кој мигрантите се упатат кон Европа - станува збор за маршрутата од Северна Африка во Италија. Таму минуваат 13-14 пати повеќе луѓе отколку од Турција во Грција, предупредува Леджери.

Според неговата проценка бегалците кои се упатуваат кон Европа од северна Африка, доаѓаат од Судан, од Западна Африка. Либија не е единствената држава која станува центар за мигрантите, кои се обидуваат да стигнат до Европа. Египет е новата жешка точка за шверцерите на луѓе. Овој пат е многу опасен и патувањето по него продолжува над 10 дена, истакнува директорот на „Фронтекс“.

„Еритреја е управуван од брутална диктатура и има масовно гонење на луѓе. Овие лица имаат потреба од заштита. Има и луѓе кои ја напуштаат Сенегал, Гамбија, Нигерија и Брегот на Слоновата Коска во потрага по подобра иднина"- вели уште Леджери.

„Балканскиот пат" е затворен уште лани.

Слично

Поврзани вести