Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ФРЛЕТЕ ЈА ДРОГАТА АКО СТЕ ЈА КУПИЛЕ ПОСЛЕДНИТЕ 24Ч: Лош кокаин коси во Аргентина

„ФРЛЕТЕ ЈА ДРОГАТА АКО СТЕ ЈА КУПИЛЕ ПОСЛЕДНИТЕ 24Ч: Лош кокаин коси во Аргентина

Аргентинските власти соопштија дека најмалку 17 лица починале, а 50 се префрлени во болница во предградието на Буенос Аирес поради конзумирање на кокаин кој содржи дополнителни отровни материи.

„Оние кои купиле дрога во последните 24 часа треба да ја фрлат“, рекоа властите, додавајќи дека се обидуваат да лоцираат од каде доаѓа продажбата за да ја отстранат дрогата од шверцот.

Полициски операции беа спроведени во населба северозападно од главниот град, каде беа уапсени десетина лица и запленети се кеси со кокаин слични на оние што го предизвикале труењето.

Предупредувањето за опасниот кокаин било издадено од три болници во кои некои пациенти починале или имале сериозни знаци на труење.

Локалното обвинителство соопшти дека „во моментов циркулира високо токсична супстанца што се продава под името кокаин“.

Властите додадоа дека нема „лош кокаин на кој му истекол рокот“, туку кокаинот помешан со некои отровни материи за да се зголеми неговата тежина кога се продава.

Слично

Поврзани вести