Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРЛЕНИ МИЛИЈАРДИ: Нема нафта на Алјаска

ФРЛЕНИ МИЛИЈАРДИ: Нема нафта на Алјаска

Британско-холандскиот гигант соопшти дека на Алјаска не се пронајдени количини нафта и гас доволни за експлоатација, пренесе денеска Би-Би-Си.

„Ројал дач шел“ вложил седум милијарди долари во истражувања на Алјаска, вклучувајќи 2,1 милијарда во 2008 година за бунари кај северозападниот брег на Чукотско море, каде разочарувачките резултати на бунарот се длабоки околу 2070 метри.

„Шел продолжува да бара значајни можности на експлоатација во тоа подрачје, кое веројатно на крај ќе биде од стратешко значење за Алјаска и САД“, изјавил директорот на филијалите на компанијата за САД Марвин Одум.

„Ројал дач шел“ започна истражување на нафта и гас во таа област во јули годинава, два месеци откако американскиот претседател Барак Обама одобри бунари на Арктикот, и покрај противење на еколозите.

Организациите за зашита на животната средина се противат на индустриската активност на Арктикот, бдејќи тоа би ги загрозило поларните мечки и други животни.

Демонстрантите во кајаци се обиделе летово да ги запрат активностите на компанијата „Ројал дач шел“.

„Шел“ денес ја завршил подготовката за експлоатација на нафта и гас кај Алјаска, иако е планирано да трае подготовката уште барем една година.

Слично

Поврзани вести