Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фрлена е бомба пред порта на џамија во Кабул, две лица загинаа

Фрлена е бомба пред порта на џамија во Кабул, две лица загинаа

Две лица загинаа во експлозија во близина на џамија во авганистанскиот главен град Кабул, а 32 се повредени. Раководството на италијанската болница во Кабул потврди дека примиле четворица повредени. 

Бомбата е фрлена врз џамија во која се одржа комеморација за мајката на портпаролот на Талибанците, Забинула Муџахедин, и каде се собраа талибанските лидери. 

Билал Карими, заменик портпарол на Талибанците, изјави за Вашингтон пост дека експлозијата се случила пред портата на џамијата. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Слично

Поврзани вести