Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРЛЕНА БОМБА КОН ПРЕМИЕРОТ НА ЈАПОНИЈА! Пукна сребрен цилиндар - погледнете ја драмата!

ФРЛЕНА БОМБА КОН ПРЕМИЕРОТ НА ЈАПОНИЈА! Пукна сребрен цилиндар - погледнете ја драмата!

Бомба била фрлена врз премиерот на Јапонија Фуми Кишида додека држел говор во саботата, јавуваат сите светски медиуми. На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа дека мажот кој веднаш бил уапсен, фрлил сребрен цилиндар во правец на премиерот на Јапонија, по што се слушнала експлозија и се појавил густ чад. Телохранителите на јапонскиот премиер веднаш се фрлија на Кишида и го заштитија со своите тела, а добрата вест е што Кишида не е повреден, ниту некој од посетителите на средбата.

Кишида зборуваше во Вакајама, во пресрет на новите избори во Јапонија, и веднаш беше наредена истрага за да се утврдат мотивите на човекот што ја фрли димната бомба врз него, односно дали тој стои зад се - или дали станува збор за организиран напад .

Јапонските власти соопштија дека се е во ред со Кишида, дека тој ја напуштил Вакајама неповреден и веднаш бил пренесен на безбедна локација каде исто така ќе биде сослушан во полиција. Да потсетиме, пред само една година, на сличен настан беше убиен поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, додека држеше говор во предизборната кампања.

Премиерот е преместен на безбедно. 

Слично

Поврзани вести