ФРИДОМ ХАУС: Каде има најмногу, а каде најмалку демократија?
Фридом хаус направи мапа на земји каде има најмногу и најмалку демократија.
На врвот како слободни држави се означени скандинавските како Финска, Норвешка и Шведска. Зад нив се Канада, Холандија, Австралија, Луксембург, Нов Зеланд, Уругвај и Данска.
Најлоша е состојбата во Сирија, Јужен Судан, Еритреја, Северна Кореја, Туркменистан, Евкаторска Гвинеја, Саудиска Арабија, Сомалија, Узбекистан, Судан, Централна африканска република и Либија.
За Западен Балкан се наведува дека постојано е потребно ангажирање од надвор.
Се наведува дека со посредување на Брисел и Вашингтон во Македонија е надмината политичката криза и е избрана власт.
Во светот 2.7 милијарди луѓе живеат без слобода.
Половина од нив живеат во Кина која е на 19 место.
