Фредериксен: Европа која не е спремна да се заштити себеси, во одреден момент ќе умре
Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека не верува оти кризата со Гренланд е решена, иако американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од своето претходно барање САД да ја преземат контролата врз Гренланд од Данска, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (FT).
„Ќе се обидеме да видиме дали можеме да најдеме решение… но не мислам дека е завршено“, рече Фредериксен во интервју на Минхенската безбедносна конференција.
Работна група од дански, гренландски и американски претставници разговара за можен компромис, кој би вклучувал повторно преговарање за договорот од 1951 година што го регулира распоредувањето на американските трупи во Гренланд.
„Сега имаме по традиционален политички дипломатски пат. Разбираме дека за САД постојат домашни одбранбени прашања кога станува збор за Гренланд. Тоа отсекогаш било случај и ќе разговараме за тоа“, рече Фредериксен, која треба да се сретне со американскиот државен секретар Марк Рубио во Минхен.
Таа додаде дека Данска нема да ја премине „линија“ за суверенитетот.
Кризата со Гренланд ги забрза напорите на европските престолнини да ја намалат својата зависност од САД за одбрана, плашејќи се дека Трамп ги напушта долгогодишните безбедносни гаранции на САД за Европа.
Таа додаде дека Европа мора, во однос на одвраќањето и одбраната, да ги гледа работите низ призмата на вонредна состојба ако сака да преживее во глобален поредок каде што силата е од најголема важност.
„Европа која не е способна и не е спремна да се заштити себеси, во одреден момент ќе умре. Стариот свет нема да се врати. Во тоа сум сосема сигурен. За жал, силата е едно од оружјата што е корисно во овој нов светски поредок и затоа Европа мора да биде доволно силна“, рече данската премиерка.
Жителите на Гренланд сакаат да останат во составот на Данска. САД тврдат дека островот им е потребен за националната безбедност.foto Facebook/Mette Frederiksen
