Французите не веруваат во брз излез од кризата
Франција нема да излезе од економската криза пред крајот на 2015 година веруваат две третини од Французите. Најпесимистични се младите, покажа последната студија на истражувачкиот центар ЦСА.
Дури 66 отсто од граѓаните на Франција се песимисти за развојот на економската ситуација во земјата. Во ноември 2012 година таков став имале 49 отсто од граѓаните.
Според резултатите од студијата, еден отсто од анкетираните веруваат дека земјата ќе излезе од кризата до крајот на тековната година, седум отсто сметаат дека тоа ќе се случи во 2014 година, а 16 проценти - во 2015 година.
Слично
