Економија, финансии, бизнис

Контакт

Французите не веруваат дека ќе биде подобро

Французите не веруваат дека ќе биде подобро

69 % од испитаните Французи изјавиле дека се песимисти за иднината на општеството, што значи дека бројот на песимистите се зголемил за осум проценти  во споредба со ноември, покажaла редовната месечна анкета на институтот ЦСА. Според анкетата, во декември само 29 отсто од Французите изјавиле дека се оптимисти за нивното општество или за девет проценти помалку во споредба со ноември.

Големиот песимизам на Французите е присутен во сите категории на населението.

Што се однесува до личната иднина, 54% од Французите велат дека се оптимисти. Младите на возраст од 18 до 24 години се најоптимисти (66%) за споредба со старите лица над 65 годишна возраст, каде оптимисти се само 48%.

Слично

Поврзани вести