Французите можат да прифатат најмногу 30 илјади бегалци
Франција може да прифати на своја територија не повеќе од 30 илјади бегалци во следните две години. Ова го изјавил францускиот премиер Маноел Валцер во етерот на телевизија „France 2“.
Маноел Валцер изјавил дека Европа не може да ги задоволи сите кои бегаат од диктатурата во Сирија. Тој истакнал дека секоја година Франција пречекува по 200 илјади луѓе од лични и економски причини. Валцер додал дека имиграцијата е секогаш можност за Франција, но според него сето тоа треба да се случува организирано.
Неговите зборови доаѓаат, откако на почетокот на неделава „ОЕЦД“ предупреди дека оваа година во Европа се очекува да се засолнат рекордни еден милион луѓе кои бегаат од војната во Сирија и Ирак. Речиси половина според организацијата ќе добијат азил.
Продолжуваат и мерките на европските земји за справување со бегалската криза. Германската влада одлучи да одвои над 4 милијарди евра еднократна финансиска помош за своите федерални провинции во 2016 година. Средствата ќе се користат за потребите поврзани со прифаќање и сместување на пристигнување во земјата мигранти и бегалци.
