Економија, финансии, бизнис

Контакт

Французите масовно ја одобруваат воената операција на Русија во Сирија

Французите масовно ја одобруваат воената операција на Русија во Сирија

Мнозинството Французи ги поддржуваат активностите на Русија во Сирија, покажува анкетата, направена од француската компанија „Ifop“ за меѓународната новинска агенција и радио „Sputnik“.

„Во одговор на прашањето“ дали знаете или не за воените дејствија на Русија во Сирија“ едвај 9% од Французите одговориле дека немаат таква информација, што зборува за добрата свест на Французите за операцијата на РФ.

На прашањето „како вие лично се однесувате кон воената операција на Русија во Сирија“ само 12% од граѓаните не ја поддржуваат Русија, а 11% одговориле дека им е сеедно“- соопшти прес-службата на „Sputnik“.

Во истражувањето се дознава дека мнозинството од Французите не ја поддржуваат Турција за соборувањето на рускиот борбен авион Су-24 во Сирија.

На прашањето „според вас дали се оправдани активностите на Турција во врска со Су-24 или не“ 61% од жителите сметаат дека овие активности не треба да се оправдаат.

Слично

Поврзани вести