Французите изеле 6 илјади заразени колачиња од Икеа!?
Повеќе од 6.000 чоколадни слатки на шведската компанија Икеа се продадени во Франција за кои постои сомневање дека се заразени со бактерии, соопшти француската Управа за конкуренција, потрошувачка и спречување на злоупотребата (ДГЦЦРФ).
Икеа во Франција испорачала две пратки од спорните чоколадни и карамел слатки, под сомнение дека се санитарно неисправни, а според Управата анализите се во тек, па сеуште се утврдува дали имало контаминирани производи во Икеа.
Инаку од Икеа соопштија дека од своите кафетерии во 23 земји ќе бидат повлечени слатките, во кои кинеска санитарна инспекција пронашла бактерии.
Слично
