Французите бараат одлучна борба против невработеноста
Бројот на невработени лица во Франција порасна на околу пет милиони, па затоа и борбата против невработеноста е приоритетна за 79 отсто од испитаните граѓани на оваа земја, далеку пред намалувањето на државниот долг, покажуваат резултатите од институтот Ифоп за весникот „Димаш Вест Франс“ .
Според ова истражување, ако 87 проценти од анкетираните Французи изразуваат загриженост поради јавниот долг на дражавата, само 40 отсто од нив сметаат дека намалувањето на долгот треба да биде приоритет, во споредба со септември 2012 година кога нивниот број беше 51 отсто, додека во февруари 2012 година - 57 проценти.Втор од приоритетите на Французите е здравственото осигурување, со поддршка од 58 отсто од граѓаните. Заштитата на животната средина е приоритетна само за 29 проценти од испитаниците.
Слично
